Политика за колачиња (COOKIES)

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Што е политика за колачиња?

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност и заштита на личните податоци на БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО Струга како сопственик на веб платформата 2md.mk која што објаснува  како БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО користи колачиња и слични технологии на 2md.mk кои се собираат  при посета на Корисниците на оваа страна или со користење на нашите услуги. При посета на нашата веб страница или при користите нашите услуги,  БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО ги користи овие технологии за да ги администрира своите веб страници, да анализира трендови, да ги следи активностите на корисниците и со тоа да овозможи персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и Вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на страната 2md.mk ќе добиете порака која Ве известува дека користиме “колачиња” кои 2md.mk ги праќа и зачувува со цел да се олесни, прилагоди и дополнително заштити Вашето користење на веб-страницата. Со кликнување на опцијата “се согласувам”, затворање на поп-ап (pop-up) прозорецот или со продолжување со користење на веб страната  Вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. За повеќе информации проверете во подесувањата на Вашиот веб-пребарувач. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата, некои делови од нашата веб страница   кон кои пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат, односно нема да може да користите голем дел од функционалностите на веб страницата, ниту да ги  користите целосно и сите понуди и услуги.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои се употребуваат на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред поради подобрување на корисничкото искуство  при посетува на веб  страната 2md.mk и не се поврзуваат со Вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Кога следен пат ќе ја посетите пак истата страна, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат Ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови. Колачињата кои што се директно поставени од  веб страната 2md.mk се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, функции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на  БИЗНИС ПЛЕЈБУК и Друштвото нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб- страниците  од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Најчесто овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.),  но маркетинг колачињата не содржат ниту собираат лични податоци за корисниците. Веб-страницата 2md.mk употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на Вашето искуство на 2md.mk.

Колачиња што ги користи веб страницата 2md.mk

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате. Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, 2md.mk нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон 2md.mk. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од 2md.mk се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и 2md.mk нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.

Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:

Microsoft Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies Google Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en Mozilla Firefox: https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences Apple Safari: https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Дали добивам колачиња преку е-маил?

Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник,. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.

Пиксел за следење (Web Beacon)

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето. Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.

Промена на Политиката за колачиња

БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО го задржува правото во секое време да ја измени, или дополни политиката за колачиња. За секое нејзино менување или дополнување ќе биде поставено известување на нашата веб страна или мобилна апликација.