Услови и согласност за директен маркетинг
Директни трансакциски пораки и директен маркетинг
Со самото користење на www.2md.mk, доколку корисникот побара или доколку дополнително се согласи, БИЗНИС ПЛЕЈБУК може да му доставува трансакциски информации или информации со кои се вршат активности на директен маркетинг, со испраќање на SMS/MMS пораки, и/или push нотификации, и/или e-mail пораки. Корисникот може во секое време бесплатно и со употреба на едноставни средства да ја измени, ограничи или повлече дадената согласност. Корисникот нема можност да ја ограничи и повлече дадената согласност за добивање на клучни и неопходни трансакциски информации. Под клучни и неопходни трансакциски информации се подразбираат потврди за примена нарачка, фактура, потврда за испорака, потврда за достава, предвидено време за достава и други важни информации без кои соработката ја губи суштината и не би можела да се реализира делумно или во целост. Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта со промотивен материјал и билтени (newsletter) на e-mail адресата со која е регистриран на www.2md.mk. Секој регистриран корисник има право да побара истиот да биде отстранет од листата за добивање на директна пошта и билтени со избирање на опцијата Unsubscribe.