Правила и Услови за користење
Правилникот е последно ажуриран на 15.05.2022 Воведни одредби 2мд.mk е онлајн продавница во сопственост на Друштвото за производство, трговија и услуги БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО (во понатамошниот текст: БИЗНИС ПЛЕЈБУК). Со овие Општи правила и услови за користење (во понатамошниот текст: Општи правила и услови) се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата www.2md.mk и нејзините услуги и функционалности. Трговијата преку www.2md.mk претставува посебен начин на вршење на трговија преку интернет, овозможувајќи целосна онлајн нарачка, купување, плаќање и испорака нa производи преку www.2md.mk до крајниот купувач. Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови:
- Посетител на www.2md.mk е секое физичко или правно лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.2md.mk и ја разгледува понудата на производи;
- Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната www.2md.mk нарачува и купува производи.
За Посетителот/Купувачот кој ја користи платформата www.2md.mk и стапува во деловен однос со БИЗНИС ПЛЕЈБУК ДОО се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци, како и овие Општи правила и услови. Со самиот пристап на www.2md.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате Општите правила и услови. БИЗНИС ПЛЕЈБУК ги задржува правата за промена на овие Општи правила и услови во секое време, а во таков случај, БИЗНИС ПЛЕЈБУК ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин преку објава на www.2md.mk.
Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб страницата www.2md.mk и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на БИЗНИС ПЛЕЈБУК е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.
Директни трансакциски пораки и директен маркетинг
Со самото користење на www.2md.mk, доколку корисникот побара или доколку дополнително се согласи, БИЗНИС ПЛЕЈБУК може да му доставува трансакциски информации или информации со кои се вршат активности на директен маркетинг, со испраќање на SMS/MMS пораки, и/или push нотификации, и/или e-mail пораки. Корисникот може во секое време бесплатно и со употреба на едноставни средства да ја измени, ограничи или повлече дадената согласност. Корисникот нема можност да ја ограничи и повлече дадената согласност за добивање на клучни и неопходни трансакциски информации. Под клучни и неопходни трансакциски информации се подразбираат потврди за примена нарачка, фактура, потврда за испорака, потврда за достава, предвидено време за достава и други важни информации без кои соработката ја губи суштината и не би можела да се реализира делумно или во целост. Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта со промотивен материјал и билтени (newsletter) на e-mail адресата со која е регистриран на www.2md.mk. Секој регистриран корисник има право да побара истиот да биде отстранет од листата за добивање на директна пошта и билтени со избирање на опцијата Unsubscribe.
Континуираност на услугата
БИЗНИС ПЛЕЈБУК ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на корисникот непречено и непрекинато користење на www.2md.mk при што ќе ги преземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки и ќе ги преземе сите разумни мерки за да се овозможи повторно користење на www.2md.mk во нај6рзо можно време. Иако цел на БИЗНИС ПЛЕЈБУК е www.2md.mk да биде достапен 100% од времето, веб страницата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на БИЗНИС ПЛЕЈБУК, пристапот до www.2md.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време. При евентуални технички проблеми со веб страницата, БИЗНИС ПЛЕЈБУК има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не е обврзан да изврши било какво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Корисничка поддршка
Купувачите на www.2md.mk имаат можност за постојана телефонска корисничка поддршка и советување за сите прашања поврзани со користење на www.2md.mk секој ден од 08:00 до 21:00 часот. Купувачите имаат можност и за постојана чет корисничка поддршка одбирајќи ја опцијата ПОМОШ? во долниот десен агол, каде што со внесување на име и e-mail, посетителот/купувачот може да испрати порака до БИЗНИС ПЛЕЈБУК, која ќе биде одговорена во најкус можен рок од страна на БИЗНИС ПЛЕЈБУК. Дополнително, Купувачите имаат можност да остварат контакт со БИЗНИС ПЛЕЈБУК испраќајќи e-mail на [email protected].
Виша сила
Користењето на www.2md.mk и услугите од БИЗНИС ПЛЕЈБУК може да биде прекинато или со намален квалитет поради настанување на ситуација на виша сила. Како ситуација на виша сила се смета секој настан кој се случил независно од волјата на БИЗНИС ПЛЕЈБУК и чие настапување не можело да биде предвидено ниту спречено, при што таквиот настан влијае на обезбедувањето на услугата и исполнувањето на обврските на БИЗНИС ПЛЕЈБУК и обезбедувањето на користењето на www.2md.mk, како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења, епидемии итн.) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, вонредна состојба, кризна состојба итн.), акти на јавна власт или испади, дефекти и прекини на електроенергетскиот систем, системи и инфраструктура на оптички врски за пренос на податоци итн. БИЗНИС ПЛЕЈБУК нема да биде одговорен кон корисниците на www.adziko.mk за било каква пречка или настанат прекин во обезбедувањето на услугите и функционирањето на www.2md.mk поради појава на ситуација на виша сила.
Разрешување на спорови
БИЗНИС ПЛЕЈБУК и корисникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од користењето на www.2md.mk, вклучувајќи ги споровите во однос на толкување, примена и извршување на овие Општи правила и услови. Доколку страните не успеат да ги решат споровите на тој начин, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.
Завршни одредби
Овие Општи правила и услови важат за сите корисници кои пристапуваат на www.2md.mk и кои вршат купување и/или ги користат услугите на БИЗНИС ПЛЕЈБУК како крајни корисници и истите се применуваат од датумот на нивното објавување на www.2md.mk наведен на почетокот. Сите прашања кои не се опфатени со одредбите на овие Општи правила и услови ќе бидат разрешувани со директна примена на применливите правни прописи важечки во Република Северна Македонија. БИЗНИС ПЛЕЈБУК го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира производи и/или услуги или воведува услови за производи и/или услуги на www.2md.mk без претходно известување. БИЗНИС ПЛЕЈБУК го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи правила и услови како и содржината на www.2md.mk, а најновата верзија на Општите правила и услови корисникот ќе може да ги прочита на www.2md.mk. Измените на овие Општи правила и услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.